Тука имаме многу високи планини што имаат разен правец и образуваат котлини, одделени една од друга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да. Секогаш, по секое прашање имало разни погледи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од тогаш имала разни други.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Коњите што влечкаа оружје и муниција се сместуваа во шталата што војската ја изгради крај селото; војниците што се грижеа за нив, одвреме-навреме ги водеа и ги напиваа вода на езерото; имаше разни коњи: дебели, слаби, болни, троми, а имаше и 'рзаци, та кога ќе поминеа низ селото, ги вртеа главите по дворовите и 'ржеа кога ќе забележеа некоја кобила; а војниците, пак, зрчеа по жените и девојките; но тие, штом ќе ги забележеа, се тргнуваа од патот, се пикаа по дворовите, влегуваа во куќите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Има разни гласови. Сталин сите нѐ ослободи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На сите страни имаше разни слатки, но среде беше едно големо слонче од чоколадо, сигурно не помалку тешко од еден килограм.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И јас од сите сорти купив по некоја. Најмногу купив сливи, оти имаше разни: и градски сливи и магарешки сливи и црни сливи - гунгулки и петровки сливи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Има разни беснила, ми вели, а може вистина не можеле да се разминат, ми вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Во затворот имаше разни работилници и занаети.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)