има (гл.) - пресен (прид.)

Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Стопанот рече ќе дојде, па да има пресна матеница? - одговори човечето на неизбежното Бојаново прашање: „Што правиш, чичко?“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- А компирот ќе биде ли? - Имам пресна матеница, - рече чесниот старец. - И некое киселче, можеби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)