„Внимание, другари! Имаме прекрасна вест за вас. Ја добивме битката за продуктивност!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имав прекрасни луѓе околу мене. Сега останало само пустош.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Имав среќа што имав прекрасна мајка, а среќна сум што го имам татко ми.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога касиерката механички ја праша: „Имате ли картичка за попусти?“ ѝ дојде да ѝ рече: „Сѐ уште не. Но затоа вие имате прекрасна шнола.“
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во соседство живееја две верверички на слична возраст. И двете имаа прекрасно дебело светливо топло кожувче и голема опашка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Во еден од дворовите на комшиските куќи имаше прекрасна зелена трева. Вистинска шумска ледина.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Станот имаше прекрасна глетка на целиот Сиетл.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Колку беа убави вечерите во Хаваи, кога сонцето заоѓаше небото имаше прекрасна црвена боја.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во близина на Кемер се протега планината Таурус со убава борова шума, па, оттаму доаѓаше свежина, од друга страна хотелот имаше прекрасен парк со многу дрвја и сенки, а собите беа климатизирани.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Младене - почнува учителот. - Ти имаш прекрасни другари.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Чув дека Живка има прекрасни сини очи“ и му светна погледот со носталгичност, но и итра насмевка...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ние имавме можност да се запознајме и морам да Ви кажам дека имате прекрасна ќерка со која секој родител можи само горд да биди.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Си најде човек што го сака. Се омажи. Си има прекрасно дете...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А има прекрасни книги...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во дворот имаше прекрасна трева, а низ неа растеа цвеќиња-ѕвончиња од кои и доаѓаше онаа чудесна музика што јас ја слушнав претходно.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Турската дипломатија имаше прекрасна традиција, веројатно наследена и од Отоманската империја, но и од времето на Ататурк.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Турскиот амбасадор во Тунис, со претци од Босна, Муарем Тунчер, со кого имав прекрасни односи, кој беше историја за себе, велеше дека вистинскиот амбасадор е само висок чиновник на својата земја!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Жаклин, мојата мала девојка со недоразвиени гради, имаше прекрасна душа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Темните лушпички светкаат. Имаат прекрасни форми; и копчињата на сложените очи покажуваат геометриска прецизност која го премавнува мојот поранешен ужас.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ја имаш прекрасната причина да излегуваш од мермерот и да ја омеѓуваш ноќта со својот смев.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ама ќе видиш - во дневната соба има прекрасна палма, голем фикус и два филадендрона“ воодушевено зборуваше Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)