има (гл.) - првостепен (прид.)

За да се достигне таа цел требало да се состави одделно друштво од лица за кои изучувањето на Македонија во етнографски, географски и историски однос има првостепено значење; а такви лица сме ние Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Жената има првостепено значење во одржувањето на семејството на Исток.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако прашањето за народноста на Македонците има првостепено значење за Бугарите, Србите и Грците и секоја од овие народности го третира по свое, тогаш зошто и ние тоа прашање да не го земеме во свои раце и да го разгледаме сестрано – и од бугарско, и од српско и од грчко гледиште, и критикувајќи ги сите нив да не си изработиме македонско гледиште за нашата народност, а се задоволуваме, според местото каде што сме се учеле, или со српското, или со бугарското или со грчкото гледиште?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)