има (гл.) - правен (прид.)

Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има правено и да се чува да не се повторуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Евиденцијата на невработеното лице престанува да се води ако лицето: – се одјави; – заснова работен однос; – основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице; – врши занаетчиска, односно професионална дејност; – потполно ја загуби работната способност; – исполни услови за пензија; – отпочне да издржува казна затвор подолга од шест месеци; – не се пријави во утврдениот рок или не се јави на покана од Агенцијата од неоправ- дани причини; – не ја извести Агенцијата за промените што влијаат на стекнувањето и губењето на правата; – на странец му престане одобрението за постојан престој; – отпочне да врши земјоделска, сточарска или друга дејност; – од страна на инспекциски орган се затекне да работи спротивно на законот; – замине на отслужување или дослужување на воениот рок; – одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; – работно се ангажира на јавни работи над 30 дена, за времето на ангажирање во јавните работи; и – работно е ангажирано или врши дејност (чл. 59, ст.1 од ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој кој има правен интерес може да бара нивно поништување, со поднесување доказ на правосилна судска одлука со која е утврдено постоењето на корупција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
8.  Процесната [странечка] легитимација (legitimatio ad pro­ cessum), којашто може да биде активна (на тужителот) и пасивна (на тужениот), всушност е овластување за водење конкретна парница и е одраз на конкретниот правен однос на странката спрема предметот на спорот in concreto – а значи дека странките во спорот всушност се „правите“ странки т.е. дека токму тие имаат правен интерес и правозаштитна потреба за водење токму на таа парница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3.  Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.III.2011, во Скопје. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд – Скопје II е: VI П.бр. 1882/08; а бројот пред Апелациониот суд – Скопје не успеавме да го дознаеме и покрај неколкуте обиди од наша страна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правните акти што се резултат на корупција се ништовни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со ваквите измени (дали поради незнаење или пак интенционално) се врши тенденциозно израмнување на значењето на институтите „деловна тајна“ и „деловен интерес“ за кои не е потребно да имате правна наобразба за да согледате дека не се работи за синоними во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)