има (гл.) - поширок (прид.)

Сигурно, оваа таткова потрага по мистериозниот миграторен пат на јагулите, по водениот дел на планетата, имаше поширока смисла во откривањето на согласјето помеѓу патот на јагулите и патот на луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Насетував дека проблемот има пошироки димензии.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да се искуси границата со сите нејзини контрадикции, но и нејзиното изобилство на живот, значи да се практикува толерантност, коегзистенција и живот еден крај друг и покрај нашите разлики.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Дојди кај мене да спиеш, вели, јас имам поширок кревет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто така значи да се има пошироко сфаќање за нештата и да си биде во состојба да се сфатат различните аспекти (без разлика колку се оддалечени еден од друг) на некоја реалност, како дел од целината.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како на вистински џин, постојано имаат проблеми кога купуваат чевли, никако да се најде негов број.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако подобро се размисли, токму така е, Саше е повисок од него, има пошироки рамења и рацете му се големи и изгледаат силни, а за стапалата да не зборуваме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)