има (гл.) - подобар (прид.)

Тој се помрдна малку настрана, така што Винстон сега имаше подобар поглед на она што беше на масата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напати и самите музеи ни личат на театарски сцени во кои водичите - конзерватори ја презеле улогата на актери, а од самите музеи не може да има подобри театарски сцени, со беспрекорна сценографија и декор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме мамеше зраче надеж дека А.А. можеше да има подобар однос кон мене како влијателна личност и авторитетот што го уживаше кај Водачот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На сите ни беше јасно дека не можевме да имаме подобар аналитичар од Нино.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Предните рампи требаше да се направат пострмни за да можат автомобилите што беа паркирани таму да имаат подобар видик кон филмското платно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сè што е од бавча има подобар вкус од тие од продавница.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Е, ама ти е супер идејата, на оваа горештина на рингишпил! – се побунив. – Кај ти текна сега тоа, а и каде има такво нешто во градов?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имам подобра идеја. Ај, ќе одиме на рингишпил!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Или има подобар начин за да се поднесе сопственото постоење?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да се знае дека сме упатени на сопствените сили, тоа веќе нешто значи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)