има (гл.) - огромен (прид.)

Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сè што можеме да слушнеме е звукот на машините и гласот на организираната корупција, Мафијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И покрај тоа што руската влада имаше огромна моќ, секогаш постоеја оние кои не се плашеа да им се слушне гласот - Толстој, Сахаров.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кукавица, тоа е вистинскиот збор за мене; во право била една пријателка кога го кажала тоа, иако и самата таа има огромни очи на був.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во овие бањи, на едно огромно пространство, во продолжение на постојниот комплекс, е изграден нов, дело на југословенскиот комплекс, при што „бетноците“ од Скопје имаат огромно учество.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Режисерот Дулитл имаше огромно искуство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Првиот аспект е пред сè економскиот и се однесуе на цената која малоумните џанкерчиња ја плаќаат за џоинти и остали срања, која изнесуе над 300 денара или у превод една шибица е рамна на 4 литра вино или 6 литра пиво и тука мора да се признае дека има огромна разлика не само у квантитативна туку и у квалитативна смисла.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Метакот имаше огромен анимозитет и кон смрдливата скотска шема, хиените, конформистичките мекотелци, музичките лигуши, медиокритетските ајвани, партиските подлизурковци, покондурените сељандуришта, дебелогазните професори и политичките мршојадци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите тие обиди завршиле со неуспех, а од друга страна имале огромно воено-политичко значење за понатамошниот развој на НОД.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Типаза на самата линија помеѓу брегот и морето имаше огромни отворени камени саркофази, во кои влегуваше и излегуваше самата минливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Привидниот пад на геј-културата, всушност, произлегува од структурни причини што немаат многу врска со сѐ поголемата општествена прифатеност на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во изминативе три децении имаше огромна преобразба на материјалната основа на геј-живеењето во САД, како и во други велеградски средишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штета, зашто изучувањето на машките геј-културни практики дава можност да се примени изреката на Вирџинија Вулф за разликата помеѓу половите врз разликата меѓу сексуалните култури: „Меѓу двете класи сѐ уште има огромна разлика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот. ‌За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што допрва треба да се разгледува се посебните општествени фактори што го доведуваат опстанокот на геј-културата во сомнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто иднината на геј-културата навистина изгледа обвиена во магла, а многу гласови веќе го имаат најавено нејзиниот непосреден пад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е енциклопе-диски роман. ТЛ: Но има огромна врска, како што добро знаеш, меѓу Неуроромансер и Пинчон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ти отиде еден чекор понатаму, зашто ја направи целата таа работа со компјутерите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа што Пинчон навлегува во психологија. Врашки добро ја познава. Целиот роман е психологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Штом за две години напишав четири раскази, решив дека достатно работев на полето на руската литература и решив темелно да се одморам, но дојде годината 1905 и ме потфати, ме заврте како иверче.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почнав да го уредувам списанието “Бајонет”, што во Харков имаше огромен успех и сосема ја напуштив работата...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше огромни, спитомени, легнати раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Налет друго, од СВОЗ-от имаше огромна колатерална штета.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Црнецот има огромна глава и ококорени очи; во нив врие отров и омраза.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ШЕГА
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не ретко се случуваат двете истовремено, па тогаш има огромна сила и казната е најболна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Костадин но и Петар беа момци со посебен оштар дух, имаа огромен репертоар на вицови, анегдоти и досетки и секогаш знаеа многу вешто да ги поврзат или да се инспирираат од темата на разговор и да ги насмеат соговорниците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имаме огромни проблеми со дуќаните Лерин.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Трпезаријата имаше огромна тераса која се симнуваше во градината која беше широка и полна со зеленило и цвеќе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Понатаму по песокот не можев да одам зошто имаше огромни карпи кои се спуштаа кон морето.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Други му велеа да не се откажува, зашто тој потфат има огромно значење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во прво време го прикажувавме само на пријателите кои доаѓаа во Фектори, а потоа Lonesome Cowboy многу брзо почна да губи шанса, па мислев дека би било добро да го замениме со Ебење. (...) Пред крајот на шеесеттите изгледаше дека Холивуд најпосле ќе ја признае нашата работа и ќе ни даде пари за високобуџетен 35-мм. филм.(Во меѓувреме Флеш се прикажуваше и во Германија и имаше огромен успех).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Есента 69. ние двајца го издадовме првиот број од новиот часопис со име Интервју. (...) Флеш имаше огромен успех.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Интуитивно насетуваме дека математиката мора да ги има замешано прстите таму, и, навистина, во овој век беше откриен математички еквивалент на овие јамки, еквивалент кој имаше огромни реперкусии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Изградил визби во кои имало огромни бочви со вино. Сето Поле го засадил со лозја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаа огромна моќ.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Никој дури и незнае што значи уметност денес, никој не знае што значи работа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Општеството се развива, тоа станува поорганизирано, многу работи се уредени, но веруваме дека во секоја личност има огромни предели со кои можеме да се соочиме единствено преку културата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Речиси е потребно да пишува “Слободен влез” со дијагонални букви на дното, бидејќи сме сретнале обични луѓе коишто нема да влезат во галерија порадо одошто ние би влегле во продавница за накит или крзно на Вест Енд.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жилберт&Џорџ: Да, бидејќи луѓето имаат огромен страв од комерцијалните галерии.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дора ја гледаше Ане како се обидува да ги собере сите парчиња кал и повторно да го направи ќофтето, да биде убаво и заоблено, и да не се гледаат парчињата камчиња внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На панталончињата имаше огромна кафена дамка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Светлината од телевизорот му го осветли лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мачката веднаш не ми се допадна. Имаше огромно, тркалезно лице, слично како тоа на свекрва ми, па и на Дино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Треба да се има предвид и фактот дека британските воени мисии биле задолжени за опсервирање и инволвирање само во воената ситуација и освен парцијални известувања за политичките цели на македонското политичко и воено раководство тие не се ангажирале на анализирање на политичката ситуација и дословно се придржувале кон директивата добиена од претпоставените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преку пренесеното интервју биле дадени одговори на многу прашања од развојот на НОД во Југославија, како и за идното уредување на Југославија по ослободувањето, што имало огромно влијание врз јавноста во разбирањето на некои дотогаш пласирани "вистини" од страна на Југословенската влада во емиграција и од нејзините дипломатски претставништва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Присуството на банкетот на претставниците на сите словенски организации, за првпат од нивното доселување во Америка и со една единствена цел, да најдат заеднички јазик за да им помогнат на своите словенски браќа во татковината кои се бореле против фашистичките агресори, имало огромно значење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа, до средината на 1944 година, во американскиот печат настапил период на суштинска промена во однос на известувањето за настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Њ имаше огромно искуство во мрсулавење и лечење со супа од букви.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овој резултат имаше огромна важност во филозофијата на матема-тиката, но некои филозофи, на пример Лукас, се обидоа да го применат и во филозофијата на умот, тврдејќи дека тој резултат покажува дека машините не можат да мислат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Никој уште не успеал да објасни што сѐ тие може да сторат и за што сѐ се способни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислите имаат огромна моќ.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така, во овој случај, бев со човек кој имаше огромен излив на секаков вид емоции кои ни самиот тој никако не можеше да ги спастри, ниту пак некој друг за него можеше да ги контролира.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)