има (гл.) - нов (прид.)

Комуникацијата со успиеното тело е остварена со радикалната метода на соочување на човекот и техниката. 26 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од неодамна тој има нов проект, поддржан од некои големи американски универзитетски лаборатории.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сѐ што е лошо јас овде веќе чув, и за себе и за другите, и зошто сега да се трудам да ја учам одново лекцијата, макар и колку да има нови противречности.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гаражата на Трендафил во која ги поправаше автомобилите одамна има нов лик.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не сакам свадби, реков. - Не сакам ни јас, рече татко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Веќе имам нова која ми нараснува во џебот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прилично лесно ги прифати моите предлози.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иван е горе, под Сина Скала. Не верувам дека има нова идеја во врска со погребот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Утредента седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби и јас имавме нови чизми од крокодилска кожа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Појди, спаси ја сенката на Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се повлековме од широчината. Знаевеме дека гостољубивото преноќиште на стариот автомобил ќе има нов мраколик гостин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
‌Но, ако геј- ослободувањето, кое во секој случај било склоно да промовира облици на андрогинија, не било одговорно за изумувањето на геј- мажественоста, во 1970-тите имало нови родовоконформистички стилови што се генерализирале и што станувале хегемонистички во машките геј- друштвени светови што се обликувале во велеградските центри на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој има нови црти што се мешаат со Левинасовото и Хајдегеровото поставување на прашања, со уметноста на таканаречената постмодерна архитектура.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ракот толку му го оштетил и слухот, што со нив се разбирал со пишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во месеците по заминувањето, понекогаш од Лондон ни се јавуваа Марта и Ана, ни кажуваа дека Зигмунд има нови операции на усната шуплина, дека заздравува, но повеќе не може да зборува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овде тој застана, оти таму каде што мислеше дека ќе има нови зборови, најде само празнина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Раката му запре, оти мислата одеднаш му се испразни како што се празни дупната мешина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Признавам, рачето понекојпат сѐ уште трепери, особено кога имаме нова домашна задача.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Една година шеташе, две години шеташе, седумдесет години шеташе - и сѐ гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сите седумдесет години сите луѓе на кралот тврдеа дека нашиот крал има нова облека. Прекрасна облека. Најдобра.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој ден кога Русинот дотрча радосно во бараката кај нас да ни каже дека царот руски паднал, дека има нова власт во Русија и дека ни е отворен патот за назад, Анастас веќе испушташе душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама, „аквизитеркиве“ не се откажуваат лесно, и веќе имаат нова понуда – Библија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе ја наѕирам долу кравата, си велам. Знам дека е пред отелување. Слегувам да видам дали има ново.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се знае како, но во целото одделение сите наеднаш дознале дека Акакиј Акакиевич има нов шинел и дека старата риза веќе ја нема.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знам, ќе има нови притоки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во себе тивко малку се плашеше дека можеби Петар ја заборавил, дека можеби има нова љубов или можеби веќе не живее во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томето малку се уплаши, не знаеше дали нејзините имаа слушнато дека има нов „пријател“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Требаше уште да се чека, беше неумолив диктатот на судбината...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неколку години подоцна, кога повторно се видов во Париз како амбасадор на Република Македонија, при доделувањето на наградата на УНЕСКО на Јасер Арафат и на Ицак Рабин, по претходно доделената Нобелова награда, имав нов импулс да го запишам својот дел за годините минати крај Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да му биде сѐ подредено и чисто и, што е најважно, да има нови лекови и да знае по колку од што да зема кога ќе треба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Симон потоа се сврти и, на излегување, рече: Водата за миење е долу. Има нов сапун.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш ние имавме нова домашна помошничка, ќутук, уште побетер од Марфа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Види, имам нови нараквици. Евтини се - преевтини. 170 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега имаме нова медиска ситуација - војната не може да се пренесува како спектакл.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби има нова жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Разбраме оти сте имале нов човек во куќата и дојдоме да му го одредиме животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Девојчето како да разбра што стана со него, го прегрна Трајка со малите рачички и почна да се гушка во него; небарем му велеше на татка си и мајка си оти од денеска си има нов родител, кој ќе ја штити и храни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Впрочем, Летка веќе има нова љубов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако? - Ако, - се согласи тој малку збунето, но зарадувано дека ќе има ново име. Рече гласно: - Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Слушајќи ги ѕвездите од татковината научив дека секоја музика си има сенка како што секоја ѕвезда си има двојница и како што секој нов ден си има нови воздишки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Поради тоа сѐ уште се интересирам за многу нешта во музиката, за многу музика која не е изразно авангардна туку има нов вид тенденција, како делови од Attice и слични работи - мислам дека Гарет Лист направи неколку слични дела...  К: Да, направи.  Б: ...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Извини мамо, ама имаше нови лулашки и после тоа отидов кај Мони и кај Бистра за да им кажам дека има лулашки и да не се качуваат на мостот затоа што е премачкан, оти така ми рекоа чичковците сабајле кога ги видов како ги местат лулашките и, - мајка ми тука ме прекина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Само ваков имаше, само ваков ми даде продавачката, - се правдав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беќарите имаат ново друштво и најчесто нивните млади девојки не кореспондираат баш најдобро со критериумите на средовечните сопруги.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Едната страна не е баш најзадоволна но вака барем нема да има нови жртви.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Денес купив брокула и лимони на терасата имаше нови саксии- земја, зелени разјадени листови и знаев: ти беше мојата Араукарија.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Тие сметаа дека карпите и ридовите на Пинд се неразрушливи тврдини и сега, како што гледате, имаме нова ситуација која ни налага нови проценки и нови решенија...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ПАНАЈОТИС: (На вратата од манастирот) Виножито. Знак божји дека нема да има нов потоп.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Затоа имаш нов костум и светнати чевли. СОЊА: И седативи во чантата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас имав нови опинци направени од коњот што го одраа, а ми ги направи Вано од Барово.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, балистите ја грабнале и рекле: Ова мора да е партизанка, а Србинката ги избуткала надвор и им се врекнала: Немој да ми го чепкате детето!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаа нова куќа, но прозорците, вратите и ѕидовите беа испокршени и целите оштетени. Тука останавме неколку дена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Забележа ли“, рече со изглумена расеаност Марин Крусиќ, „имам ново палто.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некои морнари, кои работеа нешто по палубата, ја забележаа и радосно извикаа: - Ехеј, имаме нов патник!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој ден чичкото беше без лопата. Имаше нова кошула, нова капа и беше многу убав.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)