има (гл.) - нежен (прид.)

Рози имаше нежни црти, чист и мазен тен и висока и грациозна става.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во почетокот и другарите и воспитувачите во интернатот бараа да се испише од интернатот зашто ги обеспокојуваше, го мразеа, но подоцна го засакаа, зашто видоа дека Богуле навистина не беше агресивен и лош; имаше нежна, питома душа. XXIV На Мил, оној брмчеж на пчелата што се отепа на прозорецот од лабораторијата, како да му остана во главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во салата немаше место за сите. Меѓу нас се протнаа и тринаесет и четиринаесет годишници од кои некои беа дури и повисоки од нас кои веќе имавме нежен мов на брадите и под носот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
“ – или фактот дека „кога ќе запее, алто-гласот му има нежна убавина што звучи класично женствено“?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)