има (гл.) - најубав (прид.)

А изгревот на сонцето и заодот негов тука имаат најубави бои - од најбелата до најпурпурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакаше утре в училиште да има најубаво маче а мајка ѝ знаеше да црта многу убави мачиња.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Забележав дека и оние неколцина со кои низ годините кога сум идел тука, во Маказар, сум имал најубави односи, некоја ако не голема блискост, а секако срдечност, не ме побаруваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа тој зел сокови од плодовите на сите дрвја и ги ставил во плодот на смоквата за да има најубав мирис и вкус...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаш најубави колена. Да, да, прво што забележав на тебе беа колената“, па моташ низ паметот кога си се прошетала во шорц пред него и си ја повлекуваш сукњата преку испакнатите, ’ко со вода полни примероци, и во чудо си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сакаше утре в училиште да има најубаво маче а мајка ѝ знаеше да црта многу убави мачиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но, кога човек има најубави идеи, кога од песок гради градови, истовремено го обзема и чувството дека нема смисла ама речиси ништо да работи и тоа му нуди чувство на силна супериорност над сите во светот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бакрените садови што постојано се употребуваат имаат најубав сјај.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Марлоу тврди дека жените веќе воопшто не реагираат ако предолго се девици, токму како и струните на кои не се свири.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Србите имаат најубави песни, вели, сву ноќ отворено. Обори, по Црној Гори!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одевме по барови, каде што имаше најубави жени; земав и за нив такси и се возевме низ градот, кружевме како некоја свеченост, како свадба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)