има (гл.) - најразличен (прид.)

Токму тие „црти и рецки“ во славистичката наука до денес имаат најразличен третман: од непознато, типично словенско писмо до некој облик на рабуши за бележење на разни битови потреби, при што во науката преовладува второто мислење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А ги имало најразлични, жими Алах.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нашата сосетка Криста на масичката го чуваше првиот отсечен прамен коса од ќерка си и нејзиниот прв изваден заб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имено, веќе во првиот лингвистички трактат на словенски јазик „О писменех“, авторот Черноризец Храбар вели дека порано Словените немале букви ни книги, туку пишувале и гатале со црти и рецки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На малечките масички покрај креветите во Гнездо имаше најразлични спомени од изминатите животи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)