има (гл.) - најголем (прид.)

Новите држави, создадени на Балканот, по падот на Отоманската Империја, не можејќи лесно да се ослободат од деспотската инерција во менталитетите, со примеси на идеологијата, си имаа најголеми маки со судството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Значи, малите балкански држави, иако на вид и да не играат улога во решавањето на македонското прашање, кое како да е само во рацете на големите држави, всушност имаат најголемо значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу опој шири во зорите и кога има најголема жега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако понекогаш ми се чини дека во него самиот, внатре, е искината мембраната што го спојуваше со светот, тој, и, кога има најголеми болки, размислува со надеж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Останува да се види дали киберпанкот има најголем потенцијал да стане најпотентна ефективна сила која ќе го предизвика постоечкиот авторитет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На А.А., велеше Х.Х., Партијата му оставила поголеми права и како дире­ктор на Атеистичкиот музеј, поставувајќи го во првите линии во борбата против религијата и Бога, за да има најголемо маневарско поле во откривањето на најкусите патишта како да се отстрани религијата од душите на троверниот албански народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега го имаме најголемиот доказ...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знаеме како тогаш, во Смилево, реагирал и Анастас Лозанчев, претседател на Окружниот комитет, кој, како што е речено на друго место, е еден од тие раководители што имале најголеми заслуги за форсирање на востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак, од своето скромно животно искуство, сфатив дека неискрените имаат најголема болка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
У тој момент го здогледуваш твојот ”чекач”, кој по правило има најголем вен за да може да ги собере твоите осум шверцерски торби од по 25 кила и четирите парчиња ручен багаж од по 50 кила; cо други зборови – тачно четрсто кила. ...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Пол Морисеј и Фред Хјуз во тоа време имаа најголемо влијание на нашиот живот во Фектори и секако, и едниот и другиот имаа своја идеја како би требало да изгледа новата Фектори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
2. Колективни договори а) се прецизираа страните-учесници во склучувањето на колективниот договор, во случај кога е поднесено барање за утврдување 44 на репрезентативност, а не се исполнети условите за репрезентативност, се до нејзиното утврдување, колективен договор склучуваат работодавачот или здружението на работодавачи и синдикатот кој има најголем број членови, врз основа на списокот доставен со барањето за утврдување на репрезентативност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Колективниот договор, во ваков случај, може да се склучи по добивањето на известување од МТСП до синдикатот, односно работодавачите кои доставуваат барање за утврдување на репрезентативност на синдикатот односно работодавачите кои имаат најголем број членови (чл. 9 од ЗИДЗРО/јан.12); б) дополнително се уреди структурата на Комисијата (за утврдување на репрезентативноста), која и понатаму е составена од 9 члена, но сега на предлог на Владата, се избираат само 3 претставника, по еден од МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија, а останатите 6 места се пополнуваат со именување на 3 претставника од страна на репрезентативните синдикати и здруженија на работодавачи (чл. 10 од ЗИДЗРО/јан.12).33 Беше избришан и противуставниот законски текст во чл. 213-в, кој регулираше дека синдикатот е должен да достави и пристапници од своите членови, како доказ за членство на работниците во соодветниот синдикат.34 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таа практика на промена на начинот најкарактеристично се остварува и има најголемо дејство врз гледачот кога се нагласува, како што обично бидува во бродвејскиот мјузикл, со самата ненадејност на преминувањето од еден начин во друг – на пример, кога исполнителите, кои изговарале обичен дијалог, наеднаш, без претходна оркестарска придружба и без никакво друго предупредување, ќе заорат песна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мозокот е најжешкиот дел од телото, најжешкиот орган. Ја има најголемата влечна фукнција.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оценките се дека ние, во Европа, го имаме најголемиот извор на бистра, питка вода, која, во иднина, сѐ помалку ќе ја има во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На пример, ако за противник го има најголемиот тапчо, кој со затворена дланка го прашува дали се пар или непар, нашето момче одговара ’непар’, и губи; но при вториот обид добива, бидејќи тогаш си вели ’тапчото држеше парен број првиот пат, а неговата лукавост досега дотаму што вториот пат ќе држи непар; затоа сега ќе кажам непар’. Кажува ’непар’ и добива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Шестиот гимнософист: Ако има најголема моќ, а не е страшен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)