има (гл.) - наш (прид.)

Каљостро: Право да ти кажам, не ми се доаѓа овде...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: За среќа, ја имаме нашата чудесна сома што нѐ транспортира, така?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Ав ав, Шарко!(тука некако се спомнува Маркс, капитализмот, Кракатау и Каљостро пеат една песничка, зборуваат за фантомот на слободата, небулози...)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Добро, браќа, ама ние треба да му објасниме каква цел има нашиот таен револуционерен кружок, - продолжи втор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Сè што треба да направам, јас ќе направам, само вие кажете ми што?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но ние се сметавме за каури, христијани и рајати и помниме дека сме имале наша каурска и рајатска царштина, но сме ја загубиле на Косово Поле, кога им се налутил господ на нашите предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Другари борци! А сега ќе ви прочитам едно многу интересно писмо од кое ќе видите колкава поддршка има нашата борба кај народот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не грижи се, и во ветеранската населба има наши луѓе, а тоа е последното место каде што гардата и полицијата ќе не бара.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сосем друга содржина ќе имаше нашето дело ако беше сврзано со Илинденското востание и со општиот налет на народот по сите линии за премавнување на султанската власт.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МИТРЕ: Што велиш да има нашиов спечелено пари?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тоа движење се темели на претпоставката дека информациската технологија ќе овозможи пронаоѓање на вештачка стварност, којашто за основа ќе ја има нашата претставувачка моќ (моќ за создавање претстави).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислам дека би било многу подобро, и за мене, и за тебе, му зборуваше, кога би застанал некаде поблиску, така за да можеме уште до вечер да ја имаме нашата нова средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кривата девојка со нагрденото лице што најмногу викаше и која најмногу беше готова да се бори повеќе никогаш не ја видов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од сите романски градови каде што имаше наши деца се собравме во Орадеа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од каде беа лекарите? Имаше наши, албански, имаше и Грци, Југословени, Полјаци, а најмногу Унгарци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Типичен експонент беше Вајлд, кој ја порекна сета моралност, но умре за она во што веруваше, за моралноста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не знаеме какви ефекти ќе има нашата работа врз Кинезите, што ќе чувствуваат тие пред неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На многу јагниња, што се раѓаа во селото, им даваа име „Рогуш“, но ниедно не израсна со такви особини какви што ги имаше нашиот Рогуш.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Имаше наши измамени на патот на јагулите, останати довек в туѓина, со аманети и последни пари да се испратат по смртта коските во родната земја, верувајќи дека само таа може да ги прими и да им даде спокој, да ги стопи во дното на копното, како јагулите во дното на океанот.“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
ВТОРАТА ЖЕНА: Зошто го бараш осознавањето на светот низ некакви источни философии и искуства, кога веќе ја имаме нашата христијанска, односно православна религија?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зар еден од клучевите не ни ја отвори портата на туѓинава! – рече Мајка. – Ние, жено, си ги имаме нашите тапии, ќе ти кажам каде ги чувам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бидејќи патам од реума, сум се лечел во многу бањи со иста ваква вода што ја има нашево село.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пред малку само трчавме еден кон друг: и од едната страна има наши луѓе и од другата страна има наши луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)