има (гл.) - моќен (прид.)

Пак зачекорил. Збиените луѓе како да му пошле в пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Постојаната темелна ситуација на романите на Патриша Хајсмит е завршната средба на двајца субјекти, едниот од кои е „патолошки Нарцис”; а другиот пак е хистерик кој има моќен трансфер врз првиот; според правилото заплетот е: Нарцис ја реализира халуцинан­тната желба на другиот, нпр., извршува убиство за кое хистерикот само фантазира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И колку такви покраини има на овој божји свет? Колку ли диви реки без украс и убавина?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто, луѓето и не можат да насетат колку има моќни и големи луѓе кои така, молчејќи и невидливо, а брзо, умираат во себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите „варвари” што иделе ваму на Балканот, преку море, преку реки, копно имале моќна воена организација. Биле освојувачи на големи простори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите тие цилиндри, пружини и противотегови имаа моќна сила.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Уште имаше апарати со толку сложени конструкции, што металецот на домот само одмавнуваше со главата во чудо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)