има (гл.) - многуброен (прид.)

Анот имаше многубројни четвртести камени стролбови, а доби двор со шадрван, и покрај магазите и работилниците во приземјето кое беше наменето и за стоката, на катот доби соби за спиење во кои имаше и огништа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Турското господство во Македонија ќе се зачува само тогаш ако во неа има многубројно население што ја гледа својата благосостојба обезбедена само под власта на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, во основа, бидејќи културата е повеќе од само маса на поединци, таквите статистички карти, иако имаат многубројни импликации, сепак, може да не ги идентификуваат главните културни црти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општата криза на градовите, како што покажува Доксијадис, има многубројни причинители и тешко е да се поверува дека нивниот натамошен развој и сраснување ќе ги намали урбаните проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)