има (гл.) - македонски (прид.)

Фамилијата на тетка Асја имаше македонски корени во Украина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да не беше Македонија во Југославија, им велам, којзнае дали ќе имаше македонски ора?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Македонските партизански единици под Тито имаат македонски офицери.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Излегува како во нашиов театар да има македонски режисери, македонски актери, македонски оформувачи на звук, сценографи, костимографи, само нема македонски автори.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така, велам, јас сум Македонка, а во Југославија има македонска република. Море беља, море беља, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)