Пред да ја започне играта со Деница во својата вила, Ниротакис доби телефонски повик од Авни, кој со девојките имаше краток одмор на паркингот крај Лупиште, северно од Улцињ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сè што започнува брзо и расте наеднаш има краток век.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Секогаш имал краток фитил и сега му се чинеше дека, откако се преобрати, станал дури и понетрпелив за некои работи отколку кога диво ги прогонуваше христијаните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но, бидејќи лагата има кратки нозе-дошол денот Видовден.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Меѓутоа, договорот имал краток век.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во одредени делови на Средниот исток и на Балканот активностите на ОСС и СОЕ се поклопувале, па тие не можеле да ги координираат меѓусебните активности и поради тоа дејствувале сосема независно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За тоа со сигурност се сеќавам, зашто имав кратки, пролетни панталонки сошиени од шарено италијанско ќебе.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имаше кратка бела кадрава коса и секогаш носеше еден ист фустан со жолти рози.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Секоја неодреденост во природата има краток здив. Едноставно испарува.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)