Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Смените со неа беа незаменливи. Секогаш имавме интересна тема за муабет.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Пред неколку години тој имаше интересна полемика со големиот противник на постмодернизмот и сите нови теориски движења, Ернст Гелнер.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се обидував да го задржам нејзиното внимание, да ја проверувам, понекогаш и несвесно, нејзината волја, нејзиното расположение да ја продолжи преписката како во првата година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Да продолжиме“, рече Томе „имаме интересни писма од Кавадарци, Берово и Кичево. Повели Војче!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во шаманската традиција здивот е поврзан со промена на сексуалниот идентитет.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Зборот „Здив“ (haleine на француски; halare, anima, anhelare на латински; psyche на грчки) има интересна етимологија која ја потврдува нашата анализа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во меѓувреме, како што ми пишувате, вие престојувавте во Букурешт каде што, и покрај тоа што се зборува за сите напуштени деца, и сите кучиња скитници, верувам дека сите имале интересни и збогатувачки средби во врска со вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)