има (гл.) - заеднички (прид.)

Луѓето со срцето чувствуваат дека се ист народ тогаш кога имаат заеднички идеи, интереси, наклонетости, спомени и надежи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гајретот има заедничка генеза во монотеистичките религии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И затоа можеби и гајретот се задржал најдолго и непроменлив на Балканот кај народите од различни религии со ист корен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)