има (гл.) - завршен (прид.)

— Браво, ми вели Нина Шчепкина, што имате завршено? — Гимназија, велам. — Отсега ќе кажувате два факултета.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За да има завршен дел моето кажување, пајакот измисли настан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тие имаа завршени стручни училишта, работеа и студираа, беа веќе свои луѓе а беа и во можност не само да обезбедат леб за своите семејства туку и да помогнат со понекоја пара за нас, помладите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дошла есен, роко кликнал: „Тополите лисја ронат...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Томаица, односно Томето (како сите што ја викаа нагалено) тогаш имаше 18 години и беше преубава млада девојка која штотуку ја имаше завршено Раденичката школа за домаќинство и шиење во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)