има (гл.) - еднаков (прид.)

Премногу сум стар, премногу сум сам, немоќен и уплашен за да можам да се кренам против злото, но со него, од бога, правдината и би ја распоредил така што секој створ на земјава да има еднаков дел од неа и да има еднакво право на неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од извештаите на Едмондс било сосема јасно дека „некомитаџиските села силно го поддржуваат СНОФ“ и дека во своите настапи пред селаните “им се кажува дека кралот е одговорен за репресивните мерки на Метаксас спрема Словените и дека под Еамократијата тие ќе имаат еднакви права со Грците“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Значи, во поглед на монтажата, Ворхол е радикално екстремен: некои негови филмови се одигруваат во реално време; тој се откажа од тенденцијата со монтажата да создава „виша” стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите права, обврски и одговорности на вработените работници новиот работодавач е должен да ги обезбеди најмалку за една година, односно до истекот на договорот за вработување, односно колективниот договор којшто го обврзувал претходниот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, поради промена на работодавачот, од објективни причини се влошат правата од договорот за вработување и работникот затоа се откаже од договорот за вработување – работникот има еднакви права, како да го откажал договорот за вработување од деловни причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беа додадени и два нови става кои ги тангираа правата на вработените со договор за вработување на определено време, при што работодавачот е должен да ги информира овие работници за слободните работни места на неопределено време преку објава на видно место во своите простории 28 како би осигурал дека сите би имале еднаква можност да конкурираат за односното (испразнето или новоотворено) работно место, како и да обезбеди олеснет пристап на овие работници до соодветните можности за обука, развој на кариерата и професионалната мобилност (чл. 9 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Геј-мажите имаат и причина да се отуѓат од погубната нарцисоидност на мажественото чувство за сопствената важност, од неговата театралност што не е избавена со иронија. (Ако побудите за таквото отуѓување не се веќе крајно видливи и разбирливи сами по себе, тогаш големата и многу смртоносна доза на неиронизирана мажествена театралност што светот мора да ја апсорбира од 11 септември 2001 година наваму, и тоа како би го оправдала тоа отуѓено геј-гледиште.) Геј-мажите имаат еднакви причини да ја проѕрат неволевата мелодрама на семејниот живот, сосе нејзиното задолжително преглумување, сосе нејзиното емоционално насилство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поради сите тие причини, но особено поради неговата бесрамна изведбеност, изразот на машкото геј-еротско чувство нужно се зафрла во пределот на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но не се работи само за тоа дека машкото геј-чувство се принудува да заземе став на емоционална неавтентичност зашто е сведено на абјектното генеричко подрачје на мелодраматичноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да скратам, геј-мажите ја знаат – односно, барем мора да ја знаеме – цената на високата сериозност, тиранијата на општествените улоги што не можат да си дозволат да ја признаат сопствената изведбеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)