има (гл.) - доволен (прид.)

Во театарскиот живот, исто така, има доволен број пикантерии, но нив ретко можеш некаде да ги прочиташ, уште помалку, да ги слушнеш.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имам доволна временска дистанца од одлуките што сум ги носел некогаш, затоа сега без срам можам да кажам: Не навивав за фудбалскиот тим за кој навиваше татко ми од инает.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зашто, во повикувањето на емоциите на возрасниот гледач, секоја сцена ја преодигрува поделената лојалност со која првобитно се одликувала борбата на геј-детето (или, можеби, борбата на секое дете) за љубов и признание, неговите истовремени напори да биде спонтаниот предмет на мајчиното внимание и да има доволна моќ врз неа за да го наложи тоа внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е сосема логично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не слушајќи се веќе себеси ами само неа, а не сфаќајќи сè уште ништо, Гого ја испушти шпахлата да му се задржи на ногалките пред платното, во од ги забриша рацете од маслосаните панталони и таков каков што беше облечен за работа во ателјето, со мака и клетви го запали изабениот мотор на половниот карван, кој место задни седишта имаше доволен простор за неговите слики од поголем формат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)