На ставорската плажа има дебели сенки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На прозорците од Пансионот има дебели пердиња и ништо не се гледа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И сето тоа со такви поединости дека, на пример, Ризван-бег од Ресна имал мала лузна под левата слепоочница, што мене ме здрви, потоа дека Беадин-паша од Солун имал дебела долна буза, дека на вториот ден од Негушкото востание не заврнало, како што се тврди, туку само заросило, што не е исто, и така натаму.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Знаеме само дека надбискупот ја напушти салата и дека следниот ден во некои цркви приредбата ја прогласиле за црна миса, и исто така знаеме дека салата ја напуштил министерот за надворешни работи Зоран Талер. Католик и либерал.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секој селанец може да има дебел компир - тоа, имено, е култура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Што преживуваа оние што приредбата директно ја следеле преку радио или телевизија, оние што не успеаја да стигнат до картите што не се продаваа, не знаеме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На лицето има дебел слој шминка. Носи штикли, црни женски чорапи со појас, по гаќи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Љ беше многу побожна и имаше дебел газ. Често одеше во црква да се моли за сѐ и сешто.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Оние што зборуваат натанко, сега зборуваат надебело, а оние што имат дебели гласови почнуваат да цвичат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)