има (гл.) - густ (прид.)

Околу меките и топли залисци имаше густа, црна волна. Ема не ја бричеше волната меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој смолар имаше густа коса со голо теме како некој да му наместил на глава потемнета петодинарка; го гледаше со исти очи како и браќата што го гледаа сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа сонува да има густи мустаќи и да зграпчи некоја 16-годишна пусличка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Ја боли газот што ти се депилираш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поглаварката на вештерките, што имаше густи чатма-веѓи, се поднасука до самиот Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој ја извади порцијата со мед, но тогаш во грмушките паднаа дваесетина зрна, па тој ја врати порцијата назад во торбата и почнавме да бегаме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На едно место имаше густи тополи, таман ќе ми дадеше од медот, ќе закрцкаа тополите и гранките паѓаа врз нас. Немав среќа да каснам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)