Некогаш тука имало високи и големи кули.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од посетата на една ваква установа, која има високо реноме со своите научни постигања во областа на астрофизиката, се очекува многу.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Изгледам како да не можам долго да одам, да речеме, од вратата до таксито, најмногу - и моите нови чевли имаат висока пета, па чекорам делумно женствено, но всушност сум многу... издржлив... Океј?“
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сребрениот Џорџ беше навистина во свој елемент, и нозете ми се многу тенки и имам тенки зглобови и помалку изгледам како птичка... да, да, птичка... и помалку сум крут кога одам, како бабичка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ема Ендековска имаше висока почит кон госпоѓа Мариела и тоа таа го искажуваше на начин кој беше во согласност со културата на нејзината пријателка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема имаше висок степен на самосвест, таа знаеше дека беше почитувана од колегите и од надворешните соработници (дури и од оние кои постојано работеа против неа) затоа што покажа, низ сите изминати години, дека е жена со силен дух, тврда и непопустлива.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но, јас навистина имам „идентитет”, којшто има висока цена во нашата култура.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Погледна во портата што се отвораше, подзастанувајќи како да е дојден да го пречека оној што оттаму ќе излезе и, истовремено, сеќавајќи се на песната „Таму кајшто има високи балкони, таму има, убави кокони“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Да знаев дека таквите нешта многу лесно поминуваат, всушност, имаат висока цена кај режисерите, актерите, директорите на театрите, кај некои театарски едукатори, доктори на наука, составувачи на антологии многу одамна ќе замолчев како драматург, како човек што пишува, всушност, ќе сфатев дека кај нас во македонската драматургија и театар, навистина има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сите имаат високи чинови, си мислам, веднаш ќе се разберам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Исто ко човек што има висок оган. Скршена работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Условите се проширени после оваа измена и дополнување, за разлика од регулирањето на ова пред измената, кога за доволен услов се сметаше членот да е државјанин на Република Македонија и да има високо образование и искуство од областа на човековите права и општествените науки. 83 Закон за изменување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Сл. весник на РМ бр. 44/2014.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
А Пенчо веќе имаше висока става.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Видни личности од ова семејство имаа високи позиции уште во времето на Отоманската Империја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За време на краткиот прeстој во Скопје заради консултации во МНР, на членови на Главниот одбор на Сојузот на борците, кои за време на граѓанската војна имаа високи функции во НОФ и АФЖ, им кажав за средбата со проф. д-р Владислав Барчиковски и за мојот предлог.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Многумина имаа висока температура.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Видни претставници од нејзиното семејство имаа високи позиции во Отоманската Империја, некои од нив втасаа и до паши, а добро беа поставени и во првата независна албанска држава.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Музичарите имаат високи чела, пеачката отворен гард а мајсторот на фотографија едвај чека да ѝ се врати на мртвата природа, толку извесно бесмртна во црно-белата Leica M6.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
4. Стечаен управник е лице кое е овластено во стечајната постапка да ја води реорганизацијата или ликвидацијата на должникот (чл. 2, ст.1, ал.67 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лиценца за вршење работа на стечаен управник може да добие физичко лице – трговец поединец, ако ги исполнува следниве услови: 1) да располага со потребна стручност и деловно искуство; 2) да има висока стручна подготовка и најмалку пет години работно искуство од областа на трговската дејност; 3) да положил испит за овластен стечаен управник со кој стекнува уверение за овластен стечаен управник; 4) да не е осудуван за кривични дела што го прават неподобен за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако е веројатно дека имотот и имотната корист или предметите се наоѓаат во странство, се распишува меѓународна објава кон која се приложува изјава дека во случај на нивно пронаоѓање ќе се побараат привремени мерки за замрзнување или конфискација на имот и имотна корист или одземање на предмети (чл. 564, ст.1-2 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Минк ѕирна внатре, а зад неа имаше високи синкасти сенки. „Ѕе!“ викна Минк. 58
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)