има (гл.) - љубов (имн.)

И колку само лица има љубовта, а колку малку од нив препознаваме во толпата од други, многубројни лица што ги среќаваме...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се случува неочекуваното. Ја губиш потврдата од другиот дека воопшто некогаш имал љубов за тебе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имам љубов за целиот свет. Не можам да бидам себична и да се сконцентрирам само на еден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа млада, а тој богат таа згодна, а тој грд има пара колку сака само алат нема тврд Тој без пара, таа стара тој е згоден, таа сама има само секс без љубов лоша драма крајот шкрт Тој без пара таа бетер тој е згоден, таа гром нема пара има љубов следи брачен бродолом
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Да, сакаш да ми покажеш дека сѐ уште имаш љубов, топлина, нежност сигурно за тоа ме зема....
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)