има (гл.) - цвеќе (имн.)

Барав начин на пишување кој некако би бил поврзан со платната и личноста на сликарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во дворот среде гумно, имам цвеќе подабиче што ката година ми цуте, што ме грее и ми ја лелее душата, ми ја крепи снагата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таму ќе има цвеќе со опоен мирис, птици со блескави бои, луѓе кои ќе пливаат по брановите, а (сеобложувам во тоа) во текот на денот на небото ќе се појави виножито.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаш градина? Имаш цвеќиња во неа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Без никаква дрога, освен кофеин и никотин, јас утре ќе бидам во Сан Франциско и ќе слушам некоја своја музика, а во недела, ако даде Господ, ќе се разбудам на Хаваи со папаи и ананас за доручек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)