Мојата криза почна еден ден пред втори август , па веднаш Свети Илија ми прискочи напомош, имавме храна сѐ додека не ја надминав кризата...пророкот Илија живеел деветстотини години пред Исуса Христа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Додека ги средуваше во сандакот, мислеше дека ќе има храна за едно дванаесетина дена, ако го распредели сето, што го имаше така, за во секој од тие денови да биде донекаде сит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А Претседателон само на тоа се надеваше. Имал храна само за десет дена, другите дваесет - каде...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе ѝ се открие кога ќе ја изгуби влажноста на душата, за, по обичајот на неговото племе да му ја наполни устата со коски од јагне цицалче, да има храна во онаа друга, неповратна невидливост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Градат бараки за новите групи луѓе кои допрва ќе бидат доведени тука, или работат во градините за да имаме храна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По тие дванаесет часа, кој не е мртов-уморен од работа, може да се занимава со она што го работел пред да биде доведен овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На пасиштето големо осумдесет акри, понито со Дантеовска муцка се гоеше, речиси со насмевка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тука имаше храна и место за починка, подобри отколку што некогаш можел да ги замисли.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)