има (гл.) - храброст (имн.)

Овој германски смел патописец, како што се вели за него, бидејќи имал храброст да патува во далечни и неистражени предели, е првиот кој, по Евлија Челебија, така опширно говори за Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имај храброст да се служиш со сопствениот разум!“ Тоа Кант го сметал за лозунг на просветеноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Браво: Зошто да не? Како и другите, имај храброст да бидеш кукавица.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој беше еден од малкуте што имаа храброст да ги изложат застрашувачките остатоци од таа трагедија но истовремено и да ни укаже на тоа дека нашите грешки не се прават само кон човекот туку и кон природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така Кант, на пример, објаснува во неговиот есеј Што е просветителство? дека човештвото не успеа да достигне зрелост сѐ до добата на просветителството, не затоа што на претходните генерации им недостасуваше интелигенција, туку затоа што тие не се осмелуваа да ја применат, не ја имаа храброста да ја користат нивната интелигенција без нечие друго водство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но неговото чувство за тоа дека е Германец никогаш не беше застрашувачко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговата привлеченост од Христос како фигура и неговото искуство со смртта го okno.mk | Margina #11-12 [1994] 91 доведе до таму да не го негира минатото, туку да го трансфор­мира во колективно наследство (како што тоа е изразено во неговата витрина посве­тена на Auschwitz).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
22 Може да се осети во Кантовата употреба на зборовите “имај смелост” и “биди храбар” неговото чувство дека претходните генерации се препрека за прогресот на човештвото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според тоа традицијата треба да се надмине.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сметам дека задача на феминистот како критички настроен интелектуалец е да му одолее на рекодирањето на субјектот во/како уште еден суверен, себе-претставувачки ентитет, и наместо тоа, да има храброст да се соочи со комплексноста, разликите, и апсолутното исчезнување на монолитните шеми на мислење.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Некои од овие ноторни лапачи и пијаничишта – се потсмева Хорацио Ц. на уважените учесници на бројните симпозиуми за иднината на националната култура – имаат храброст да се наречат епикурејци, а не знаат дека Епикур беше болезлив и воздржан!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Среќна околност беше што Димостена го имаа префрлено негде во внатрешноста, инаку, ако беше во сомборскиот затвор, таа не ќе имаше храброст да го посетува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дали Европа ќе има храброст да биде соли­дарна вон своите мали граници, или, уште попросто, дали ќе имаме смелост 350 милиони луѓе да ги третираме онака како што сега третираме 35 милиони Шпанци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден богобојазлив автор веројатно не ќе имал храброст да посегне кон светата книга сместувајќи ги на тие страници своите фантазмагорични видувања ако немал притоа вистински повод и причина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Цитира дури и една нејзина мисла: Ана вели дека ние, луѓето, кога веќе имаме храброст да го доживееме убавото во љубовта, треба да имаме храброст да се соочиме и со нејзините грди страни!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А она, што имаше храброст да го посакува и што го исполнуваше со надеж, не беше некое недостижно здание од соништата што ќе исчезне кога ќе ги отвори очите, туку вистинска светла градба со цврсти темели која постоеше и кон која веќе наближуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш помислувам дека таа има потреба од присуство на сведоци кои некогаш, во некој за неа многу значаен момент ќе имаат храброст да ги потврдат ваквите мигови на нејзината среќа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се трудев од секоја моја изречена помисла да произлезе разбирање иако не и одобрување на состојбите што имаат храброст да го пречекорат синорот на тврдата животна логика.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. од своја страна го спротивставуваше грубиот свет на реалноста со неговото несовршенство но и потврденото искуство низ многу тешкотии; инсистираше на воспоставените норми на однесување; укажуваше на законски регулираните начела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако не се грижиме за тоа што ќе се случи еден ден, мора да видиме што ќе се случи денес, сега во тие проклети пет минути, да погледнеме во својот и животите на луѓето околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дали имаат храброст да ја преболат тагата и повторно силно да сакаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имам храброст да ја соголам душава и мојата интимна исповед да добие форма преку алегоричните со драматична аура секојдневија, преку копнежите насликани со акварели и некогаш смирувачки, елегични а некогаш агресивни, фуриозни и флуктуирачки движења на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да имаме храброст да ја соголиме душата и да создадеме нешто креативно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постојат илјада и една причина зошто да се сака безусловно, да љубите, да го отворите срцето и да ја вдишите убавината на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На фасцинантните бели платна кои ги ткае животот врежував ликови кои никогаш нема да исчезнат и сите тие со себе си земаа дел од мојава душа и срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Застрашувачка е вистината дека еден ден сите ќе заминеме во заборав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога веќе ја имавме храброста да избереме, треба да имаме двојно поголема храброст и достоинство да ја превземеме одговорност за секое наше однесување, да не се плашиме што и да се случи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А кој од обичните партиски членови, нискиот, средниот, па и до највисокиот партиски кадар имаше храброст да се посомнева во авторитетот на Сталин?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Понекогаш го споменува Волкојанецот кој, и покрај тоа што знаеше дека е врзана за креветот, имаше храброст да ја побара за жена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога се јави Ивана, иако знаев на кој начин треба да разговараме, од што бев радосна што ја слушам и од што двете бевме нестрпливи што повеќе да си кажеме за што пократко време, одвај се разбравме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да имам храброст да ги држам очите и ушите отворени кога грми, можеби полесно би разбрала за што станува збор, но што можам кога се плашам и се покривам со перница преку глава секогаш кога згрмува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)