Татко му, некој сапунџија, имал фабрика за сапун, го пратил во Париз за да учи за лекар, ама кога му кажале оти син му по дипломирањето отишол во Шпанија, се откажал од него преку весник. Пезевенк човек. Пфу!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Човекот вели дека тука некаде имало фабрика за цигари, ама точно не знае каде се наоѓа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ви спомнав дека во близината на логорот има фабрика за преработка на кожи?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Да, ама тука некаде имаше фабрика за цигари – настојувам.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)