има (гл.) - успех (имн.)

Но, она што посебно би го издвоил од обемното излагање на Поленаковиќ е констатацијата на уважениот професор дека делата на Држиќ имаат успех и кај читателската публика, како и кај театарската.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Млад сте, господине, ама сериозен - и затоа ќе имате успех во животот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Да, тој е добар, тој се труди, гледам оти имате успех во науката и ми е мило, и ми е мило”, вели кметскиот, се поклонува и се усмевнува со гнилите заби.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа одлучи да почне со повторно запознавање со оние кои беа “далеку” и контактираше со неколку пријатели од училиштето кои не ги имаше видено неколку години.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога почувствува дека има успех со нив, таа премина на подиректната социјална мрежа, којашто ги вклучуваше нејзините роднини, кои почна да ги поканува за време на терапијата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 41
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Основната противречност што отворено и јасно ми се наложуваше во скорешната мисија, како писател во театарската делегација беше: како да се избегне да се избере драма со утилитарна соц-реалистичка ориентација која сигурно не би имала успех на сцената на Албанскиот театар во Скопје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поправо, сега веќе кај работниците не е во прашање нестрпливост, колку амбиција - сакаат да имаат успех, никој не сака јалов крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А што се однесува до луѓето, можеби ќе се поврзам пак со нив, со нив на кои мислев секогаш кога имав успех во животот и во исто време незадоволен што тие не знаат за тој мој успех и што не добивам признание токму од нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во почетокот на борбите востаниците имале успеси.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Биле нападнати и ослободени и костурските гратчиња Клисура и Невеска, во демирхисарско биле нападнати и изгорени беговските поседи, било целосно ослободено Крушево каде била прогласена република.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Значи вака, на веселба... - рече разочаран стариот. И сега тоа веќе имаше успех.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Моите француски пријатели ја разбираа мојата забрзаност и не изостануваа нивните добронамерни совети.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби и затоа книгите имаа успех во Франција, достигнуваа можна комуникативна полнота...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Наспроти тоа, градоначалник, кој не е дебел ниту слаб, макар и да не ги познава законите, секогаш има успех.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас познавав и друг градоначалник, мошне слабичок, кој веднаш од граѓаните беше прогласен за слаба фараонова крава и подоцна, ниту една негова наредба веќе не можеше да има сила.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)