има (гл.) - топлина (имн.)

Во тој поглед имаше топлина, мекост и голема желба едниот да подарува, а вториот да го почувствува импулсот на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оти секоја буква, непозната дури, има своја топлина, поинаква од топлината на другите букви, како секое нешто на лицето од земјата што има топлина и боја своја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие луѓе чекорат низ животот носејќи ја ужасната ледена пустош во градите, чекорат истоштени од доживувањето на таа ужасна празнотија, но во миговите кога ќе почувствуваат дека таму, наместо ледената пустош, може да има топлина и исполнетост, бегаат од она што може да ја донесе промената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога не можат да побегнат, замислуваат дека другите, оние кои можат да ја стоплат и исполнат ледената пустош во нив, се предмети, и дека секое човечко суштество е само прецизен механизам, не повеќе жив отколку некој часовник, и така безживотен не може да ја измести ужаснувачката мртвост на нивната празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одеше полеа осветлена до поткожа и тој виде многу ситни брчки околу нејзините очи и усни, ја виде крај човек по се сличен на неа и се сети на сите други што ги знаел, се сети и на втората Марија и претпостави дека не би имал топлина во својата крв ни за неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)