има (гл.) - температура (имн.)

Водите во бањите имаат температура околу 80 степени Целзиусови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа имаше температура и тој сметаше дека, ако лежи, температурата ќе ѝ се нормализира.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бев сосема излуден; навечер горев во треска, имав температура по целото тело, однатре, во утробата; го одбивав Земанек да дојдам кај него на спиење, оти сакав да бидам сам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Болен бев! Лежев! Имав температура! - вика Младен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Треската ѝ се беше смирила, но сѐ уште беше болна, имаше температура од време на време, не стануваше од кревет, беше ужасно ослабната, многу истоштена.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа ви е фала што сте ме чувале како татко, црното од под ноктите сте го ваделе, сте се треселе над мене кога сум имал температура, сте ми го држеле челото кога сум повраќал, сте ми укажале да не се плашам од првата менструација, јас вам така, јас сум гомно едно, пичка ми мајчина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сета се тресе, има температура и се гуши кога дише.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само да не се разболи Бреза, - додаде загрижено и ја допре со дланката по челото да провери дали има температура.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Болен бев! Лежев! Имав температура! - вика Младен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Поседа, го извади и виде дека не е грешка: Илко имаше температура над критичната граница.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)