има (гл.) - татко (имн.)

Ако има татко му да му даде, арно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но што можеа да имаат Татко и Камилски, со фанатичните службени препишувачи на времето, Бувар и Пекуше, кои случајно се сретнале во Париз, откриле заеднички афинитети како кописти и решиле да се спротивстават со нивната автодидактичка апотеоза на тогашниот култ кон науките во нивниот најголем расцут во XIX век?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар окупатори, француските офицери, од резервниот состав во цивил носители на различни професии, во најголем дел интелектуалци, беа добро примени и почитувани од населението, додека командантот на зоната, подоцна бригадниот генерал Едуар Огист Иполит Мортје, го имаше Татко за свој преведувач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На закопот можеше да се види колку пријатели имаше татко, дојдени дури и од други земји, од различни вери и народи на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Момчињата ме гледаа со други очи, јас имав татко рокер. Со бушава коса, како мојата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Блаже одеше по дрва зашто имаше татко пијаница кој слабо се грижеше за куќата и семејството, а јас и Орде затоа што немавме татковци.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тодора се прекрсти кон исток и рече: „Не сакав моите деца да имаат татко Турчин. Затоа, мил оче“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си има татко, си има мајка, нека му ја мислат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Да, но ти знаеш – рече таа – јас ќе добијам таква казна од нив што ни на сон не сум можела да ја сонувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Престани ти со тоа, ќе те убиеле – ѝ подвикнав – само ти имаш татко и мајка, мислиш нашите не се исто така загрижени како твоите!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Подруго ќе беше да имаше татко, вели, кој не помина, тој не зеде, вели, ко гасеници нѐ опасија, ама најлесно е гладен човек да најадеш, вели, и само се шутка, оптрчува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЕВТО: Манастирот е мој колку и твој. И јас имав татко.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дојде време цар Александар како 12 годишно дете се качува на којнот и летнува.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Он имаше татко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таја имала татко, мајка, дедо и баба, ама тогај никој од ними не бил дома, свекој бил на некоја работа, а само мајка је била тука, згнетена во некое ќошенце, си работела нешчо - крпела кошули.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој влегол, седнал и фатил да се разгоорвит со неа: - Имаш татко? - ја опитал старецот девојката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ка му го занесе којнот, којнот бил многу плашлив.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Имам - одговорила девојката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На стрина ми и на чичко ми Павле, еден брат имаше татко ми, не им одеше добро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Имаме, имаме Татко. Имаме и тоа многу да научиме за животот од книгите, од науката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)