има (гл.) - судир (имн.)

Надвор има прав, саѓи и сообраќај, и луѓето се туркаат во супермаркетите, а полициските коли, со сирените, свират за да стигнат таму каде што имало судири.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа беше сосема безбедна територија, еден вид антрополошки азил за сите оние кои имаа судир со светот, и кои поради тој судир решија да направат невозможни подвизи: да стојат на скали потпрени на ништо, да возат бицикл по ортома на дваесет метри височина, да прават фигури од три тела на трапез предвиден за еден, и слично.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)