има (гл.) - судбина (имн.)

Ниту сите ја имаат судбината на ликовите од драмите на Бекет.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И самиот Климент Камилски може да се рече дека имаше судбина на балкански Дон Кихот во однос на своите забранети книги кои вешто ги криеше во својата библиотека, уште во периодот кога му беше мил на повоениот период и кога беше високо вреднувано неговото доброволно учество во Граѓанската војна во Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Имало судбина! - изусти во себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да има судбина, таа мора да има и живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зарем Борхес не велеше дека читањето може да биде покреативно и од самото пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, само јагулите ја имале судбината да го остварат кружниот пат, да го поврзуваат благиот и солениот дел на нашата планета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја имаше судбината да биде негов дел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Градот ја имал судбината да стане крстопат на многу­бројни генерации од сите континенти, од сите раси, од сите големи религии, од бројни народи, готови да ги жртвуваат своите животи за една кауза која, всушност, им била далечна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти беше мал, премал, ама си имаше судбина да се родиш во војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаа судбина на разлики, а фатално се оддалечуваа од нив верувајќи дека определбата кон посебноста, под влијанието на другите, ќе ги спаси, ќе ги одржи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)