има (гл.) - срце (имн.)

Она што треба да биде пракса во мигот кога некој ќе треба да се регрутира во редот на театарџиите, творците, е да се констатира дали има срце или не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, морам да ви признам дека мене не ме плашат тие што имале срце, па го изгубиле оти кога - тогаш можат да си го најдат и пак да си ја почнат старата песна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Камилски, како ретко кој друг на Балканот, имаше срце да им се радува на успесите на другите, да ги смета како свои, посебно кога тие беа од општ интерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше Ѓорѓија, питомиот бекрија, дарежлива рака, имаше срце блескотно и ум видовит.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Деновиве носев маичка со ликот на Корто Малтезе на неа, на што Карло страшно се возбуди: започна одоколу да ги испитува моите познавања на тој (во Америка малку познат) стрип-јунак, па кога виде дека сум фан исто колку и тој, започна да ми раскажува за своето пријателство со цртачот Хуго Прат, за некој филм што требале да го работат заедно, за тоа како животот на големите автори не е ниту малку идиличен како што се идилични приказните за нив, за тоа како Хуго многу пиел и јадел и имал срце за целиот свет, ама не и за насобраниот холестерол, за неговата смрт и спомените што зад себе ги посеал, за тоа како Корто сите други континенти ги прошета и во Северна Америка сепак не стапна, а пак нас водите на животот токму на овој брег нè исфрлија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А братот-црнец има срце за целиот свет!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во неговите очи веќе нема знак на топла светлина за да покаже дека во него има срце, дека е направен од месо и нерви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Требаше човек да го има срцето на Нерона за да ужива во таа глетка што ја претставуваше запалениот пароброд во заливот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ти за тоа нема да имаш срце ни по уште толку денови гладување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еве ги речните бродови... Имаат срце секој сега.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Роса ги бодри сите Слнцито појако уд ветрут, ама ветрут аку не беше уште ки плачише дедо Господ, ама са смилува, гу утвури окто да ни с нјде виа дена! и продолжува да кажува дека треба да му бидат многу благодарни на Господ што има срце за нив,оти,вели ка ј ќе им бил алот ако продолжел да шопурка одозгора, тогаш не ќе можеле да останат во овие топли дупки Тука, пуд земин!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И животот има срце, ама малкумина можат да го наслушнат. Којзнае што ни подготвува сега!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се качив и видов со свои очи: секој камен си имал срце и во срцето на секој камен си имало молња, за секој случај.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)