има (гл.) - среќа (имн.)

Во моментот кога ќе се открие нешто сомнително, тој има дозвола да ја прекине музиката и да го објави тоа, советувајќи ги луѓето да го идентификуваат и да го исфрлат дилерот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Враќајќи се кон масите на Safe House, имав среќа да налетам на Франц, човекот кој го создаде киселинскиот тест за Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имав среќа со инженерот кој добро ја контролираше работата и кој, и кога ќе се појавеше некој застој заради големо дрво, или карпа, ме тераше да не гледам на тоа како на голем проблем, дека машината и неговите луѓе тоа ќе го совладаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имав среќа да видам и еден документарен филм од Првата светска војна во кој имаше инсерти и за некогашно Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гронинг: Мислам дека јас навистина имав среќа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стрипот со неа за прв пат се доближи до книжевноста и мислам дека е на пат нешто навистина 126 Margina #22 [1995] | okno.mk ново.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но имал среќа и долг живот: да не беше мајка му на Калчо која истрча со стап, којзнае по малку што ќе станеше со Бузо!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И ногата му е скршена. Ќе лежи подолго.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Те молам, мамо, не плачи. Не можам да си простам. Толку големи грижи ви сторив. И трошоци.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Имал среќа - и тој и ние“, повторуваше мајка му, “не се осакатил.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама тоа да ни е за ум: тепачката е лоша работа. Да осакатиш другар, човек.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Обајцата имавме среќа: со малку лошо сме се извлекле.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Воланот му ги притиснал ребрата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Останале живи... не се осакатиле...“ кажуваше мајка му, а солзи ѝ се тркалаа низ бледото лице.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Влезете, мили деца. Имал среќа - и тој и ние...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А постојано нѐ учат - и дома, и на училиште - камен по животинче да не фрламе, на пеперутките крилјата да не им ги кинеме, мравка да не згазнеме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Имале среќа, и ние имавме среќа. Камионот не возел брзо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си имал среќа, Марко, не треба да те пратам на хирургија да те шијат. Сестра Миро, да го преврзеш.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не е страшно“, ја слушнав докторката, „само површинска повреда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Те лути кога има среќа да изгледа вака убаво.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги рашири рацете, огромни цврсти, како да се подготвуваше да ги прегрне сите пред себе, па со замрежени, разнежени очи, кои не прилегаа сосем на неговата машкост и коравост, рече: - Е, сме имале среќа, голема среќа, сите вака собрани, место да плачеме и да темнееме, да се провеселиме, да се порадуваме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една од најпровокативните личности на светската интелектуална сцена, за почеток ја имате во Маргина (почнуваме со едно многу пикантно делче од “Прозирноста на злото” кое на многумина ќе им ја подигне температурата; потоа, во избор и во фин, мек превод на Деспина Ангеловска следува спуштање со Кул Меморис; третиот есеј е од трета книга, “Симулации и симулакруми”, и веќе, во скратена форма, пред неколку години, беше објавен во “Студентски збор”, со уредничка ограда дека тоа што таму го пишува не се однесува на нашиот универзитет; го објавуваме пак поради слатката можност да речеме дека токму се однесува на нашиот беден универзитет); во следниот број (можеби!) тематот за Бодријар продолжува, а доколку имаме среќа, наскоро ќе бидат и неговите први книги на македонски...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пријатно е да ја имаш среќата за прислужничка Додека ти ја отвора розовата врата на утрото И ти го принесува на прекрасно дизајниран тас Долго очекуваното изненадување.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пријатно е кога ја имаш среќата за прислужничка Но таа е и тежина, цврст фат ти треба! И умешност.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Ние имавме среќа во некои куќи, а во други имавме само несреќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Сѐ заврши добро, Дан. Имавме среќа што го добивме Алек за нивелирање на преминот преку пругата”, рече Френк.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти бери умот таква глупост?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наместо тоа, таа покажуваше женски ѕвезди или диви со кои се идентификуваа постарите геј-мажи, изгледа зашто тие предосудени, трагични ликови беа одраз на долните услови на нивните бедни животи и од нив одекнуваше архаичниот облик на машкото геј-постоење од кое ние сме имале среќа да избегаме – од кое нè ослободило геј-ослободувањето.40
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, токму тоа е начинот да се потврдат и, ако се има среќа, да се преживее и покрај нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Имале среќа мајка ти и татко ти, имале среќа, да не останат црни кукавици - си зборуваше тивко, тетка Рајна, сама за себе, притискајќи нѐ до своите скутови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не велам сите, но некои од нив ќе ја имаат среќата да се вратат во нормалноста.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас минав низ капијата, и додека се оддалечував по улицата, неколкупати се свртев. Клара стоеше таму, зад решетките. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме покрај оградата со решетки кон излезот од Гнездо, Клара ми рече: „Да, некои од нас ќе ја имаат среќата да се вратат во нормалноста. Потребно е само време.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајчице слатка, си имала среќа да ти останам жива...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Всушност работата беше проста. Тој едноставно не сакаше да има среќа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Само, треба да поминеш низ едно минско поле и, ако имаш среќа, те чекаат три реда бодликава жица, па десет метри висока ѕидина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако имаш среќа, ќе добиеш новогодишна ќесичка маде ин КРАШ, со супер чоколатца во неа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Имал среќа што го скри темницата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаат среќа во животот, но поради емотивноста, лесно потпаѓаат во негативни психички состојби и стресови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се свести во полската болница на фронтот каде што му го извадија куршумот и му кажаа дека патролата само него го нашла жив и дека имал среќа што не бил смртоносно погоден.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имавме среќа“, рече тој, „но среќата не може да трае уште долго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пловевме неколку часа, но никаде не видовме орки, па дури бевме и по малку разочарани, но кога веќе бродот наближи кон водите на Канада имавме среќа, од мало растојание ги видовме орките, сите туристи излегоа возбудени на палубата, ги гледаа орките со двогледи, ги фотографираа…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не беше викенд, па мислевме дека ќе имаме среќа, се излажавме, летот беше полн.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Можеби ќе има среќа - си мислеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сепак имаа среќа... Доаѓаше попладневната смена на лекари.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пезевенкот, и тука имал среќа! мисли Вангел Русјаков за Дине.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имаше среќа да си создаде свое семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ние ја имаме среќата, (за малку бога да го спомнеше, но во последниот миг се премисли, па сепак беше ова партиски состанок), од Езерово да истекува река.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Е кутрата моја мајка, таа имаше среќа барем во смртта. Исчезна веднаш по војната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ваквите работи можат да станат опасни ако не им се даде потребната нега. Ти си имал среќа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Тогаш, добро. Тоа е добро. Имаш среќа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мислам на шупелката што имав среќа да ја запознаам уште при првата наша средба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе споменеме уште дека во тој условно наречен небесен простор поетот има среќа да живее истовремено во повеќе времиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имаш среќа што не си ослепел“, рекла таа. „Како ти се случило тоа?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Навистина имав среќа во тој поглед, бидејќи како млад човек и сценограф бев догматик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Имам среќа да најдам слободно место до две млади, згодни жени.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- пиши, пиши... пиши, пиши... - ...тој пред да се роди бил надарен... а наш човек, во Виена... триста и шеесет книги да смисли... од крај до крај...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А потоа насмевнувајќи се додаде: - А што велиш Иве: кога би имале среќа па да го поткачиме некој зајак на легло!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Зет ти Профим имал среќа: им даде на Бугарите пари и го спаси сина си да не оди на фронт”, му велат на Тимон луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но по неколку дена пак го повика и му рече: „Си имал среќа, момче; за храброста што ја покажа, командата те наградува: прекомандуван си во работен баталјон“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја имав среќата во животот да се најдам под сенката на неколку такви личности на Франција, кои му даваа една сосема подруга смисла на мојот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И Пјотр Илич Чајковски налетал ненадејно на својата таинствена дама-заштитничка, која цели тринаесет години треперела над него, грижејќи се за сите негови потреби, вклучително и оние најбанални и најсекојдневни, а не само за неговата музика; бидејќи композиторот и односната (грофица Надежда Филаретовна фон Мек) никогаш не се сретнале (на двапати случајно се нашле на исто место, меѓутоа молскавично избегале еден од друг!), морале да разменуваат многу писма зачувани се околу 1200...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко имаше среќа во вистинскиот миг да го спаси семејството од сталинизмот во родната Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Имате среќа што не сум грчка полиција, па да ве казнам со три месеци затвор како што му сториле на оној неранимајко Љубе-Шеќер, - ни рече.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Дотука сте имале среќа, - рече Чакарвелика.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Белким ќе имаат среќа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ристосија, Ица, по војната, особено откако дозна дека таткото (Дракчето) го заробиле Грците и некаде во солунското го погубиле врзувајќи го за некој џип и влечкајќи го по некоја солунска турска калдрма, имаше среќа да се реши да се омажи за Најдо Пашалески кому жената му почина и кога затоа што беше толку добар човек сите го сожалија и му помогнаа за жена да ја зеде Ица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот беше вистински благодарен што имаше среќа да налета на тој Никола Толевски и да се здобие со неговата доверба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште утринава требаше тоа да го стори. Ќе треба само да има среќа да ја најде дома. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А мајката Перса како да ѝ ја чита скриената мисла, проговорува Златна на баба, ја имаш среќата да учиш на јазикот на мајка ти!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека вечераа мајка Перса не престана да зборува и да ѝ се восхитува на Роса, а Пелагија ја поплати чувство на вина што таа и нејзината Пеличка имале среќа да ја сретнат мајка Перса, а мајка Роса со толкаво јато сѐ уште да остане во подрумите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зар таа да ја има среќата да ѝ биде замена за Елена а малечката Пела внуката што не стигнала да ѝ ја роди?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А, јас? Јас во еден Охрид и во Крушево, па Брајчино, и тоа е сѐ. Кој не ти го може тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Блазе си ѝ – си мислев – има среќа таа Ивана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)