Ова таа го истакнува како голем апсурд и недостаток во функционирањето на Синдикатот: имено, нејзиниот став по ова прашање е дека се јавува голема нелогичност кога вработени од синдикатот имаат спор со ССМ – за нив да нема никаков обѕир од тамошната правна служба, односно тие да немаат право на бесплатна правна помош, односно квалификуван правен застапник од својот синдикат во кој едновремено и работат, но и членуваат!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ние не можеме ни во спор да влеземе зашто овие две реплики одат една во друга: додека јас ја зговарам мојата реплика, тој ја изговара својата и тие, двете спротивни реплики, влегуваат една во друга како две сламки една во друга и не се знае ни дали воопшто има спор а камо ли во што тој се состои.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)