- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Колеги ќе имаме состанок.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Утредента, мајка ѝ разбрала дека неколкумина илегалци од отпорот против окупаторите, што имале состанок во таа куќа, биле предадени.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Потоа му телефонирав на Мите: - Да не си заборавил дека имаме состанок со девојките на Чешмиче? - го прашав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Одвај дочека Марија да заврши со зборувањето, и отсечно ѝ рече: - Претседателот сега има состанок, а веднаш потоа ќе замине на пат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)