Се разбира, модернистите беа исто така делумно наклонети кон класичната традиција, во кој гледаа сојузник во нивната борба против Средновековието.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така Кант, на пример, објаснува во неговиот есеј Што е просветителство? дека човештвото не успеа да достигне зрелост сѐ до добата на просветителството, не затоа што на претходните генерации им недостасуваше интелигенција, туку затоа што тие не се осмелуваа да ја применат, не ја имаа храброста да ја користат нивната интелигенција без нечие друго водство.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оттаму и неговата изрека „Sapere aude! Имај смелост да дознаеш!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Храбар човек... - рече замислено и повтори: - многу храбар мора да бил зографот, штом имал смелост на светците да им гледа право в очи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа не веруваше дека Киријаз ќе има смелост да ја погледне.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Грчките фактори пред Цариград и пред Европа се претставувале како носители на мирот, а за оние што ја имале смелоста да се дигнат во името на слободата и на човечкото достоинство барале од султанот физички да ги уништи, а од големите сили да покажат разбирање за ваквиот грчки став.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Неколку дена по безизлезното прифаќање на неговите хирови и помирувањето дека со ваков човек треба да си го поминам остатокот од животот (личен став што не можеше да најде свое логично оправдување, но секогаш беше присутен), тој имаше смелост да ја избегне средбата предвидена за нашите вообичаено убави неделни прошетки низ паркот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но тој не можеше да не доврши, оти инаку којзнае дали ќе имаше смелост: - Зашто знам дека си категорична да не ми го даваш дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Не ми текнало да го прашам, а и да ми текнело, не би имал смелост.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дали Европа ќе има храброст да биде солидарна вон своите мали граници, или, уште попросто, дали ќе имаме смелост 350 милиони луѓе да ги третираме онака како што сега третираме 35 милиони Шпанци?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дали Европа ќе има смелост да се прифати себеси како континент чијшто идентитет не се храни само од христијанскиот извор?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
ИВАН: Не мислиш дека имале смелост да го пречекаат возот, да го сметнат од воз и...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А нејзе единствено имав смелост да ја прашам, барем не ме застрашуваше со приказни за страшниот живот и грешниот човек.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ние не сме имале смелост да разговараме пред постарите, ниту да присуствуваме кога тие требаа нешто да се договараат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)