има (гл.) - слух (имн.)

Знам дека многу луѓе имаат слух за овој вид музика, но...  К: Јас имам тешкотија со неа затоа што е така наметлива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко имаше свој природен афинитет за прифат на генералните идеи, имаше слух за нивниот химеричен одек, посебно кога ја пишуваше својата Историја на Балканот низ падот на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Фовистички обоен или плускотница, да освежи исчекувањето да се олесни рофја да удри за невреме да ве подготви. Да имате слух и за небески работи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ајде, сите што го читаме привилегирано необјавениот „ракопис“ на Рада, да бараме заеднички издавач, некој кој ќе има слух за овие прекрасни четива!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа, за тоа кој колку пристојно и непристојно играл и кој колку имал слух и две леви нозе, до тоа дали требало или не требало да има нарачки на песна напишана на бел лист со стуткана паричка и пригоден текст, како оваа, специјалнава: „Личниот шофер на генералниот директор на Г.П.Гранит им посакува сè најдобро во бракот на тие и тие со песната ’Слушам кај шумат шумите, буките’“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)