Во манастирскиот двор под оревите, долу покрај реката, по чардаците, сегде каде што има сенка -преполно е исполегнат народ.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кого и да сретнеше на пат ќе му речеше: - Добарден. Јас имам сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Овој Карамба-Барамба не е нацртан на бел ѕид и навистина имаше сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Слушајќи ги ѕвездите од татковината научив дека секоја музика си има сенка како што секоја ѕвезда си има двојница и како што секој нов ден си има нови воздишки.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Кажи му, нека му каже на човекот што ќе му сакаш, до кога да те чека, та спремајте се и он и ти, прибери се да имаш сенка над главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
После и самиот се нацртав како го јавам нојот, за да имам и јас спомен...
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)