има (гл.) - селидба (имн.)

Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција, доселениците од Македонија севезден повторуваат и потретуваат дека каде што има селидби, има и опустошени цели села и градови, има талкања по улиците во новите градови, каде што сè почнува одново.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)