Над 300 000 од тие умрени биле мажи што имаат секс со мажи.445 Само во Заливското Подрачје на Сан Франциско умреа десетици илјади геј-мажи, меѓу кои околу 17 000 во самиот град Сан Франциско.446
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи систематската меѓусебна поврзаност и хиерархиска распределеност на општествените вредности што придонесуваат кон утврдувањето на тие генерички разлики се формативни за човечкиот субјективитет кога тој се обликува во рамките на некои конкретни културни контексти, не е изненадување тоа што дури и мошне младите деца се ориентираат, и однатре и нанадвор, во однос на таа основна културна поетика – на конвенциите на дискурсот, на чувствувањето и на изразувањето што тие жанрови ги претставуваат.
Со други зборови, долго пред воопшто да имаат секс, младите имаат жанр.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа разорување остави длабоки последици врз геј-заедниците, особено врз радикалните сексуални поткултури.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250
Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, ова повлијае врз начинот на кој сега живеат сите геј-луѓе.444
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сидата десеткуваше две-три генерации геј-мажи. До крајот на 2005 г., во САД од сида умреле над 550 000 луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот.
Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа најпосле ја промовира визијата за љубов што ја крепи секој облик на посредство што таквата љубов може да го најде во кинематографијата (било како уметност, било како стока), во пријателството и во мелодрамата како емоционален и прагматичен жанр – иако не настојува дека една таква визија е остварлива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Настраниот свет на припадноста кој го замислува, попрво, е проекција на геј-желбата.
„Мелодрамата“ и „трагедијата“, тогаш, не се однесуваат само на разни видови драма туку и на разни прагматични жанрови на дискурс, на разни начини на чувствување и на разни стилови на емоционално изразување, како и на диференцијални степени на општествена достојност и на различно вреднувани општествени изведби – а сите тие, пак, корелираат со разликата меѓу женственоста и мажественоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А оние што биле сопственици на своите домови во многу случаи немаа живи наследници или преживеани љубовници на кои би им ја пренеле сопственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што, можеби, е сѐ што им треба за да изградат одредени нестандардни односи кон нормативните сексуални и родови идентитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)