Проблемот е комплексен: Градското собрание му должи на „Електро - Скопје“ за потрошената електрична енергија - па затоа има светлина колку што има пари.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Има светлина од ѕвездите“, возврати таа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Можеме да морализираме до бескрај, а бескрајот е вреден само за фенерите (ако и во нив сеуште има светлина) кои ја бараат човечноста во човекот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Покажи пркос на врскава откината мината е твојата улога овде страшна е оваа пештера зината За тебе сенко е друго време каде нема патење каде нема бреме каде има светлина и живот земен. 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Честопати одев до неговиот дом; ако беше ден – тропнував на вратата, ако беше мрак – погледнував дали има светлина зад завесите; но таму беше пусто, онака како што беше и во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Перса знае дека црната мома има светлина во срцето и таа светлина продира низ прозорчињата на душата - очите! Во нив стигнува како блесната скрама.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чувствував како ме растргнуваат љубовта и омразата, и едната и другата ме водеа во очај, затоа што немаа каде да паднат: бев отсутна од животот на оној кому му беа упатени, а тој за мене беше поприсутен од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)