има (гл.) - самодоверба (имн.)

Колку што повеќе се бореше за самодоверба на жените, толку помалку имаше самодоверба; сите тие удари на неа оставаа трага: ги губеше продорниот поглед и сигурниот глас, зборовите трепереа во нејзиното грло, погледот не застануваше на една точка, туку како да бегаше од она што го гледаше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И нејзиното тело го немаше некогашното сигурно држење: ги подиздигнуваше рамениците, главата ја вовлекуваше надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)