има (гл.) - родител (имн.)

А ние, кутрите чеда, додека си ги имаме родителите, веруваме во нивната вечност, во нивната вечна моќ и вечен опстој, во нивната непобедливост, ослободени од сопствената слабост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Знаеш што, Молња? - дофрли Абраш пред да ја затвори вратата од лифот, - можеби и не е толку одвратно да се има родители...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вистина се работело за деца, но децата имаат родители!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Во право си, - реков помирливо и за да го одоброволам излажав: - Многу е глупаво да имаш родители.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)