Ти си стар мајстор за синџири кинење, — му поласка Сарафов и ја даде наредбата да се постапи по него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Навистина, Маково е близу и Бахтијар има резерва војска, ама не ќе може така лесно да разбере дека сме му отишле на госје, — го заврши Толе својот план со извесен хумор на крајот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А татко ми рече: А бре имам добиток, зимата ако се оддолжи, треба храна да се купи, мораме да имаме резерва пари, а стрина ми на тоа: Ако е за тоа, ние сме преку дваесет души, ќе заштедиме на храната, неколку дена поскромно јадење и ќе ѝ купиш палто на Милка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Итака пукавме на смена, и ќе речам дека само мојата пукаше, — го 'ослободи Шаќир Ѓура и ја викна бабата Цвета, та и ја предаде Јовановата манлихера, а оваа ја смести во сурмето на малото вратниче, каде уште во ѕидањето имаше резерва место за една пушка зад сурме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Течеше малку питка вода додека стигна врелата, па колку-толку пивнав и ја згаснав малку пеколната жед за да имам резерва во себе за наредниот ден, до првата чешма на патот што не можеше да биде ставена под контрола.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)